Ачми со премаз од маџун
Водата и млекото измешајте ги и замлачете ги доволно колку да можи да се активира квасецот во нив. Покрај квасецот ставете го и шеќерот и прстофат брашно.
Во активираниот квасец додадете ги потоа маслото и белките и убаво измешајте.
Додадете 2 чаши брашно, измешајте па додадете уште две и солта. Измешајте до соединување.
Петтата чаша се додава постепено. Тесетото треба да е многу меко и скоро лепливо, па добра опција ако не користите миксер е да употребите ракавици. На нив не се лепи толку како на рацете.
Измесете мазно меко тесто, премачкајте го со масло, покријте го и оставете го на нарасни.
Нараснатото тесто префрлете го врз намастена работна површина и тапкајте го со рацете да го раширите во правоаголна форма. Премачкајте го со омекнат маргарин, па диплете од долгата страна прво 1/3 која исто така ќе ја намачкате со маргарин и преку неа остатокот од тестото да поклопи. Потоа постапката исто со подолгата превиткана страна.
Така здипленото тесто повторно со раце го тапкаме до една подолга правоаголна форма и од него сечиме ленти кои ги виткаме спирално и краевите им ги спојуваме како ѓеврек.
Ачмите веднаш ги ставаме во плех обложен со пек хартија. Сега е топло, па од самата повисока температура не мора да се чекаат, но во поладно време покријте ги и оставете ги барем 10на минути.
Имешајте ги жолчките со маџунот и премачкајте ги одозгора, па посипете со чурек и сусам.
Маџунот му дава особен вкус на ачмите, за мене ги прави посебни за јадење освен што секако се многу меко пециво.
Печете ги на 200С.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови