Погача Фанурија со премаз од шербет
Оваа погача се прави во чест на Светецот Св. Фануриј. Се носи во црква. Оваа погача се прави за здравје, среќа, радост и исполнување на желби на семејството. Овој светец се слави на 9ти септември. Погачата може да се прави со мармалад , ореви и со други состојки по желба на домаќинката. Исто така се украсува на различни начини во зависност од умешноста.
1. Се замесува тесто од брашно, квасец, млака вода, пециво, масло, шеќер. Треба да добиете средно тесто. Се остава да скисни.
2. Тестото се дели на три дела. Во едниот дел се става рендана кора од лимон. Во вториот дел се става какао и во третиот толчени ореви. Секој дел се меси посебно. Од сите три дела се остава по малку за украсување за одозгора.
3. Во караванче број.28 се става првин тестото со ореви, се распределува по целата површина. Врз неа се мачка со мармалад од кајсии. Потоа се става става тестото со какао и врз него се мачка со мармалад. На крај се става тестото со кора од лимон.
4. Од тестото кое го оставивме на почетокот се украсува погачата. Јас правев цветови, украси со калапчиња.
5. Се остава да кисни, се печи во загреана релна на 150-180 степени. Пред вадење се премачкува со шербет и уште малку се печи.
Може да се направи погачата и на друг начин во друга форма.
Лиценца: Сите права се задржани
Kje ja napravam sigurno:)
Vo Bitola ne ja pravat filovana i stavaat ekstrakt od krusa i suvo grozje vo testoto.... Ama sekoj grad si ima svoi obicai...
Za zdravje, za mnogu godini :)
za mnogu godini denot pozz
1 шолја масло kolka golema ti je шолја na ML ..fala
jas sum vo kanada i tuka koga kupvame presen kfasec ne je kako vasijot tamu golem e tuka go zemavame od furnata.. da ti kazam deka e cetvortas kako alvata taka go prodaduvat i dolg e kolku edna casa, nema takvi mali kocki kako ti sto mi kazuvas...
Благодарам Маја:))
екстракт од крушка или газоза или струмка. јас сум од тие што прават глупости по кујна :) :) :) :)
а декорацијава...ШТА УРАДИ ЧОВЕЧЕ!!
ептен е најсупер, да му е жал на човек да ја чепне :)
nagrada