Оваа погача се прави во чест на Светецот Св. Фануриј. Се носи во црква. Оваа погача се прави за здравје, среќа, радост и исполнување на желби на семејството. Овој светец се слави на 9ти септември. Погачата може да се прави со мармалад , ореви и со други состојки по желба на домаќинката. Исто така се украсува на различни начини во зависност од умешноста.

1. Се замесува тесто од брашно, квасец, млака вода, пециво, масло, шеќер. Треба да добиете средно тесто. Се остава да скисни.
2. Тестото се дели на три дела. Во едниот дел се става рендана кора од лимон. Во вториот дел се става какао и во третиот толчени ореви. Секој дел се меси посебно. Од сите три дела се остава по малку за украсување за одозгора.
3. Во караванче број.28 се става првин тестото со ореви, се распределува по целата површина. Врз неа се мачка со мармалад од кајсии. Потоа се става става тестото со какао и врз него се мачка со мармалад. На крај се става тестото со кора од лимон.
4. Од тестото кое го оставивме на почетокот се украсува погачата. Јас правев цветови, украси со калапчиња.
5. Се остава да кисни, се печи во загреана релна на 150-180 степени. Пред вадење се премачкува со шербет и уште малку се печи.

Може да се направи погачата и на друг начин во друга форма.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани