Копани во тесто
Копаните малку подварете ги, па зачинете и ставете ги да се печат.
За тоа време спремете го тестото од останатите наведени состојки (без зачините) и поделете го на 4 дела ако сте ставиле копан со карабатак или на 8 ако се помали.
Кога ќе подоладат копаните, секое делче расукајте го со сукалката, ставете го на средина копанот и од сите страни убаво завиткајте го со тесто. Ставете го во намастена тава со преклопениот дел на долу.
Вака наредените копани во тесто премачкајте ги со растопен маргарин и ставете да се печатво загреана рерна од 180 степени додека не процените дека тестото се испекло. Времето не е долго со обзир на тоа дека се копаните веќе печени предходно. Потребно е само тестото да биде печено.
Послужете ги со некој ваш омилен сос, прилог или салата. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Мајушка, ама така нема ни лепче да добиеш :))) само копанот ќе си го јадеш :)
Светле, Лили затаи со темните позадини и јас почнав во последно време ;) можеби затоа... :)
Миленче, сосот беше феноменален. Импровизирав и искрено би го јадела и без копани, само него. Точните мерки ги запишав на парче хартија што ми се најде при рака, ама во хаосот ја изгубив... па затоа не го пишав и него, иако и тој беше во план. Ама, знаеш, одприлика мерки... не оди ;) ... па ќе го оставам за пишување во некоја следна прилика кога повторно ќе измерам:)
Дианче, ова го видов како идеја, но печењето беше со живи копани и не ми се допадна, па си го направив по мое и не згрешив.
И кога сме кај „муабетот“ тенксгивинг да си прашам,,, и во Канада ги полните мисирките или вие на пингвини сте дека поладно хехе... ма се зезам, ама озбилно прешувам за мисирките :)))