Копани во тесто
Состојки
- 8 копани (или 4 батаци со карабатак)
- околу 500 гр брашно
- 1 јајце
- 1-2 лажички сол
- 200 мл млака вода
- 1 лажичка прашак за печење
- зачини вегета, бибер, оригано...
Подготовка
Копаните малку подварете ги, па зачинете и ставете ги да се печат.
За тоа време спремете го тестото од останатите наведени состојки (без зачините) и поделете го на 4 дела ако сте ставиле копан со карабатак или на 8 ако се помали.
Кога ќе подоладат копаните, секое делче расукајте го со сукалката, ставете го на средина копанот и од сите страни убаво завиткајте го со тесто. Ставете го во намастена тава со преклопениот дел на долу.
Вака наредените копани во тесто премачкајте ги со растопен маргарин и ставете да се печатво загреана рерна од 180 степени додека не процените дека тестото се испекло. Времето не е долго со обзир на тоа дека се копаните веќе печени предходно. Потребно е само тестото да биде печено.
Послужете ги со некој ваш омилен сос, прилог или салата. Добар апетит!