14
ное
2012
Шарена тава со копани
Во тенџере ги ставаме копаните да се варат. Полеваме вода и сол. Варените копани ги тргнуваме на страна. Во една тава го пропржуваме кромидчето, а кога ќе зарумени додаваме мешан зеленчук (морков, домат, пиперка, може и грашок ). Пропржуваме убаво.
Го додаваме оризот мешан со пченката. Пропржуваме уште малку па додаваме мешан зачин. Потоа полеваме со водата во која беа варени копаните. Ги редиме копаните во тавата, оставаме да се поварат, а потоа убаво ги потпекуваме во рерна на 150 степени. Пријатен ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови