Колач ( мафини ) со вишни
Колку што тежат 6 цели јајца по толку грама треба да тежи путерот шеќерот и брашното. Во сад прво добро се мати маргаринот заедно со шеќерот. Потоа со непрекинато мешање се додава едно по едно јајце, кората од лимонот и брашното. Се добро се измеша и се истура во подмачкано плекче со зејтин и брашно.
Јас дел од оваа смесе пече во плекче, а дел во калапи за мафини. По тестото распоредете вишни на мало растојание или по вкус. Се пече на околу 200 степени или зависно од јачината на рерната околу 40 минути. Кога се испечени мафините ги посипуваме со шеќер во прав.
Колачот го сечеме на коцки, ставаме на чинија и спремно за послужување. Се надевам ќе го пробате овој рецепт. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
фоткава ти е супер. те замислувам со тањирчето како трчаш нагоре по скали за да сликаш на светло :) :) :) :)