За мафините
1. Се матат јајцата со шеќерот и во нив се додаваат оревите, кокосот, џемот, чоколадото и брашното со печивото.
2. Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото.
3. Хартиените корпици се редат во плех од рерната и се полнат пола од белата и пола од кафената смеса ( се остава по 1 прст простор, не се полнат до горе корпиците за да има каде да нарасне тестото)
4. Бананчињата исечкани на коцки покрупни се додаваат во смесата за мафини и по една вишна претходно потопена во рум
5. Се печат на 180 степени
Фил
1.Се вари пудингот и на крај се додава чоколадото да се растопи во врелиот пудинг
2.Откако ќе се излади се додава матениот маргарин

Мафините изладени се филуваат и одозгора се става шлаг и се посипува со чоколадни трошки
Излегуваат 32 мафини

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани