20
апр
2014
Мафини со вишни и чоколадо
Рерната загрејте ја на 180 степени.
Во два сада ставете ги одвоено мокрите и сувите состојки и малку измешајте ги. Потоа во садот со суви состојки постепено додавајте ги мокрите и се убаво изматете со миксер. Потоа додадете го чоколадото исечено на коцки и измешајте со лажица.
Во садот за мафини ставете ги корпичките и распоредете ја смесата. Ставете по 3 вишни во секое калапче и ставете ги да се печат.
На печените и изладени мафини со цедалка ставете од шеќерот во прав и какаото. Чувајте ги покриени со фолија и долго време ќе останат меки.
Во зависност од тоа колку се длабоки корпичките зависи бројот на мафини. Мене ми излегоа 12 поголеми. Полнете ги речиси до врвот за да изгледаат поубаво кога се печени.
Лиценца: Сите права се задржани
ubavi se i tvoive