Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава млекото, зејтинот и брашното претходно размешано со пецивото. На крај се додава ванилата. Смесата се полни во калапи за мафини претходно намрсени со маргарин и набрашнети. Калапите се полнат 2/3 за да не прелијат. На површината се редат вишните. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Пред сервирање се посипуваат со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани