Чоко мафини со вишни

Состојки
- За мафините
 - 8 јајца
 - 400 гр шеќер
 - 300 гр сечкани и мелени ореви
 - 400 гр кокос
 - 5-6 лажици брашно
 - 1 прашок за печиво
 - 5 лажици џем од зрели смокви
 - 1 лажица какао
 - 10 чоколадни бананчиња
 - 10 0 гг сечкано чоколадо
 - 30-тина вишни потопени во рум
 - За фил
 - 800 мл млеко
 - 12 лажици шеќер
 - 2 пудинга од јагода или малина
 - 250 гр маргарин
 - 200 гр бело чоколадо
 - Останато
 - 2 шлаг пени
 
Подготовка
За мафините
 1. Се матат јајцата со шеќерот и во нив се додаваат оревите, кокосот, џемот, чоколадото и брашното со печивото.
 2. Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото.
 3. Хартиените корпици се редат во плех од рерната и се полнат пола од белата и пола од кафената смеса ( се остава по 1 прст простор, не се полнат до горе корпиците за да има каде да нарасне тестото)
 4. Бананчињата исечкани на коцки покрупни се додаваат во смесата за мафини и по една вишна претходно потопена во рум
 5. Се печат на 180 степени
 Фил
 1.Се вари пудингот и на крај се додава чоколадото да се растопи во врелиот пудинг
 2.Откако ќе се излади се додава матениот маргарин
Мафините изладени се филуваат и одозгора се става шлаг и се посипува со чоколадни трошки
 Излегуваат 32 мафини