Испечати

Колач ( мафини ) со вишни

Колач ( мафини ) со вишни

Состојки

  • 6 јајца ( 350 грама )
  • 350 грама шеќер
  • 350 грама путер ( јас ставив маргарин )
  • 350 грама брашно
  • 1 лимон рендана кора
  • по потреба вишни

Подготовка

Колку што тежат 6 цели јајца по толку грама треба да тежи путерот шеќерот и брашното. Во сад прво добро се мати маргаринот заедно со шеќерот. Потоа со непрекинато мешање се додава едно по едно јајце, кората од лимонот и брашното. Се добро се измеша и се истура во подмачкано плекче со зејтин и брашно.
Јас дел од оваа смесе пече во плекче, а дел во калапи за мафини. По тестото распоредете вишни на мало растојание или по вкус. Се пече на околу 200 степени или зависно од јачината на рерната околу 40 минути. Кога се испечени мафините ги посипуваме со шеќер во прав.
Колачот го сечеме на коцки, ставаме на чинија и спремно за послужување. Се надевам ќе го пробате овој рецепт. Добар апетит.