Италијански крокети со шунка
Овој рецепт за прв пат го правев и на сите ни се допадна. Ќерка ми разгледувајќи ги книгите кои ги имам за готвење го нашла, па веднаш моравме да го пробаме, инаку е од книгата - Современ готвач
1. Во тава на оган го ставаме путерот да се растопи. Го додаваме магдоносот и пржиме 1-2 минути.
2. Во него го постепено го додаваме брашното и млакото млеко. Мешаме на тивок оган додека не добиеме густа смеса, отприлика околу 10тина минути.
3. Смесата ја вадиме од оган. Во неа го додаваме јајцето, шунката и сирењето и добро промешуваме.
4. Смесата ја оставаме да се подизлади за да можеме да ги направиме крокетите во саканиот облик.
5. Крокетите ги валкаме во брашно, јајце и на крај во лебни трошки. Ги пржиме во загреано масло.
Лиценца: Сите права се задржани