Зимска орев торта(јубилеен 300ти рецепт)
Почитувани, еве стигнав до мојот трет јубилеј на кој сум особено горда. За две години колку што сум присутна тука научив многу нови вештини од сите вас кои несебично споделувате тука не само рецепти туку и одлични совети.Да се заблагодарам и на тимот на Мои Рецепти кои секогаш се тука на одличен начин да не мотивираат и да го валоризираат нашиот труд.
За мојот јубилеј се одлучив за оваа прекрасна торта која на прв поглед ме плени по својот состав. Не погрешив бидејќи испада токму како што очекував, сочна и ароматична.
1. Прво го подготвуваме бисквитот. Ги двоиме белките од жолчките и со прстофат сол ги матиме белките до сјаен снег. Постепено го додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер не престанувајќи со матењето. Потоа ги додаваме жолчките една по една. На крај ги мешаме заедно мелените ореви, брашното и печивото и лажица по лажица додаваме кај јајцата и притоа нежно мешаме со шпатула. Бисквитот го печеме во калап со обрач со големина од 18 цм. Печеме на 180 Ц половина час(најдобро да проверите со стапче за ражнич, бидејќи бисквитот е прилчно висок, околу 7 цм). Печениот бисквит внимателно го сечеме на три дела(два пати сечеме и добиваме три дела)
2. Крем
Млекото, шеќерот и кората од портокал ги ставаме во сад на оган додека провријат. Во меѓувреме пудингот од ванила и густинот ги раствораме во сок од портокал. Смесата ја додаваме во млекото и убаво мешаме додека да добиеме крем. Вадиме од оган го додаваме путерот (мешаме додека се стопи)и оставаме малку да се олади. Во млакиот крем го додаваме маскарпонето и матиме со миксер до изедначување. На крај ги додаваме мелените ореви и плазма.
3. Редење
Прво земаме една кора од бисквитот и со лажица насекаде ја полеваме со преливот од портокал и рум. Ставаме една третина од кремот, ја ставме втората кора ја полеваме со преливот па една третина од филот и ја повторуваме постапката со третата кора. Со преостанатиот крем ја мачкаме целата торта. Декорираме според вкусот.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Уживај во овој прекрасен ден. Радувај не со уште многу рецепти.
Neka se nizat recepti od tvojata kujna i ponatamu
Uzivaj vo tvojot den
Tortata e odlicna
Pozz
мораме да признаеме дека кога и да погледнеме фотографија од твој рецепт, веднаш не тера да влеземе во кујна и да засукаме ракави :)
Твоите фотографии и рецепти се толку магични што побудуваат убаво чувство во сите нас. Околу рецептите кои ги одбираш и со кои не почестуваш секојдневно, малце се зборовите кои можеме да ги напишеме во само една порака.
Секој твој рецепт перфекција во секој поглед- и слика, и содржина, а дефинитивно и вкус.
Ти благодариме за твоите 300 рецепти и ти го подаруваме најновиот Delimano JOY Апарат за палачинки! Честитки.
Се надеваме на долга и одлична соработка и понатаму, и многу многу рецепти смислени и подготвени до перфекција.
Тимот на Мои Рецепти
Се согласувам сосем со Мои Рецепти за тоа дека твоите рецепти примамливо не канат во кујна, превкусни ти се навистина.
Ама ти си го имаш охридското зеро и неговата магија, доволна инспирација за многу нешта па и за готвењето.
Ти посакувам се најдобро и уште многу јубилеи ♥️
Честитки за јубилејот, честитки за наградата!
Нека се множат твоите прекрасни рецепти на оваа страна!
Секое добро и позз...
Ti go cestitam jubilejot i prodolzi so ubavinive.
Tortava e pre preubava.