Солен чизкејк (јубилеен 300ти рецепт)
Мојата љубов кон готвењето ја наследив од мојата мајка која е според мене виртуоз во готвењето. Од неа учам многу работи, но нескромно ќе кажам дека и јас ја учам на некои „ модерни “ рецепти и новитети. Секојдневно обострано се надополнуваме.
Со огромно задоволство стигнав до мојот тристоти рецепт. Како што можете да забележите преку моите рецепти во последно време се трудам во секојдневната исхрана да користам здрави состојки, го избегнувам белото брашно и рафинираниот шеќер, но повремено готвам и по нешто "нездраво”, не сум ги оставила целосно.
Решив мојот јубилеј да биде нешто поинакво од тоа што сите не асоцира кога ќе слушниме чизкејк, а тоа е десерт. Ви го претставувам мојот чизкејк во солена варијанта со здрави состојки.
Мило ми е што сум дел од членовите на Мои Рецепти, можеби и најмлада тука :) Благодарам на сите убави коментари, забелешки и сугестии. Посакувам сите да останеме во добро здравје, среќа, љубов и мир во душата во Новата година.
Основа
1. Меленото ленено семе го мешаме заедно со водата во мал длабок сад да стои 10тина минути.
2. Во блендер ги ставаме семињата и овесните снегулки и блендираме. Ги додаваме меленото ленено семе, маслото, зачините и водата . Блендираме. Смесата ја оставаме на страна додека го припремаме филот.
Фил
1. Во длабок сад ги ставаме урдата и јајцата. Промешуваме да се соедини смесата. Во смесата ги додаваме крем сирот, грчкиот јогурт, пармезанот, пршутата и зачините. Промешуваме.
Во долг калап за со димензии 27х9х7 обложен со хартија за печење ја ставаме смесата за основа и ја распределуваме. Врз неа го ставаме филот. Покриваме со алуминиумска фолија и печеме во загреана рерна на 180 степени 30 минути. После тоа ја вадиме фолијата и печеме уште 1 час. Солениот чизкејк го вадиме од рерна , покриваме со крпа и оставаме неколку часа да се излади.
Карамелизиран кромид
1. Кромидот го чистиме и сечеме на тенки резанки. Во тавче на оган го ставаме маслиното масло да се загрее, па го пржиме кромидот 10 тина минути. Додаваме сол и балсамико и пржиме. При крајот го додаваме медот, пржиме уште неколку минути. па го тргаме од оган.
2. Кромидот го ставаме врз солениот чизкејк.
Послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Убаво изгледа и по состав и на изглед.
Среќни празници.
Чизкејкот изгледа вкусно и ми се допадна составот.
Среќни празници и се најубаво!
Cestitki za ovoj jubilej, so zelbi da se nizat i novi jubileji
Ubav predlog ni ponudi
A tvojata kujna, se nadevam deka im se dopaga i na drugite citateli
Pozzz
Одличен рецепт си одбрала и подготвила за овој твој јубилеј! Уживај во овој твој ден!
кога станува збор за готвење, несомнено ти си вистински виртуоз. Секојдневно уживаме во твоите прекрасни, но пред се разноврсни рецепти, кои освен на око, убави се на вкус- за тоа можеме сите ние да посведочиме. Така и овој твој јубилеен рецепт е вистинско ремек дело!
Ти благодариме за твоите 300 рецепти и ти подаруваме Nutribullet Екстрактор на хранливи состојки во црвена боја!
Се надеваме дека ќе продолжиш да ни споделуваш одлични рецепти, подготвени и презентирани со многу љубов и на одличен начин.
Тимот на Мои Рецепти
Srekni i veseli praznici!
Посебно ми е мило што избра солен рецепт за јубилеј, а и составот е многу интересен, за мене прекрасен и близок.
Ги очекувам со нетрпение твоите идни рецепти кои ги подготвуваш во здрава варијанта, а верувам подарокот ќе ти помогне многу. Поздрав од твојот Прилеп, се следиме во добро здравје и желби за убавини само :)