5
окт
2012
Ежиња
1. Се зафаќа квасецот. Брашното се замесува со стасаниот квасец, маслото, гризот, млекото, јајцата, сето тоа се меси.
2. Тестото се дели на два дела. Во едниот дел се става какао, а другиот останува бел. Се прават точиња од црното и белото тесто,
се соединуваат топчињата едно до друго, се тапкаат, се става оревче и се витка како кифла.
3. Се реди во подмачкан плех, се печат на релативна температура.
4. Откако ќе се испечат се преливаат со шербетот од 1л вода, 1кг шеќер и 2 ванили. Можат да се валкаат во мрвици, ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Testoto voopsto ne se kisni?
Dobre dojde :))
od koga ke gi napravis ne treba da kisnuvat odma se pecat?
fala
Лудо, порано моиве ги правеле овие слатки, но тогаш правеа многу врсти кога бев мала и мене ми беше важно како да ги изедам побрзо, отколку да се интересирам секое како се вика:) Одамна стојат кај мене запишани во тефтер и се уште не стигале на ред. И како се сеќавам ежиња се викале затоа што се виткале на ренде, па као боцки личела површината... Баш ќе обрнам вниманите на тоа и ќе прашам точно (а и Маја можеби знае и ќе кажи во меѓувреме) како се прават... (порано запишував состав на рецепт само со слабо или воопшто не постоечко објаснување на подготовка. така ги пишувале, така сум ги препишувала :) )