Ежиња
Квасецот се раствара во малку млеко.
Во еден сад се кршат јајцата се ставаат зејтинот, млекото и растворениот квасец и се замесува тесто со гризот и брашното. Се остава да кисне.
Одкако ќе настаса тестото се дели на два еднакви дела. Во едниот се става какао, а другиот си останува ист.
Се прават топчиња и ако едното топче го расплескате на ренде другото топче го правите како прст долгнавесто и се вијат како ежиња.
Постапката ќе ја видите подобро во прикажените слики.
Направените ежиња се редат во подмачкан плех и се печат во загреана рерна.
Шербетот се врие 15 минути
Ежињата топли - шербетот врел.
Пријатен апетит со слатки ежиња и убаво кафе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови