Што да ви кажам , колачињава за дечиња жива радостија. Прво се вртеа додека ги правев, па и тие почнаа да помагаат, заедно мачкавме, валкавме, стававме точки, а потоа и ги дегустиравме, убавини.

Подготовка
1.Ја вклучуваме рерната на 180 степени. Сите состојки за тесто ги замесуваме. Во прво време тестото е ронливо додека убаво да се поврзе. Го месиме додека да се добие убаво и мазно тесто. Пота кинеме парчиња и формираме облик во форма на крушка.
2. Ги ставаме формите во плех од рерна на кој сме послале хартија за печење или пак ако користите Делимано тава може да ставите 1 капка масло и убаво да ја размачкате низ целото тавче, ама и не мора, таа не лепи. Печеме до мала промена на боја, внимаваме да не ги изгориме. Времето на печење искрено не го запазив, ама гледав да не ги препечам.
3. Чоколадото го топиме на тивок оган или на пареа. Секое колаче го фаќаме за потенкиот дел и со помош на лажичка го мачкаме со растопеното чоколадо и тоа 2/3 од колачето треба да ни се натопени. Потоа го валкаме или посипуваме со чоколадни трошки. Со помош на чепкалка им правиме очи и носе. Ги ставаме да се исушат, па потоа ги редиме во кутија за колачи.

Забелешка
Првиот ден се тврди, иако особено вкусни. Секој ден понатака се помеки и поровки. Такво си е тестото, кој правел со путер си знае.
Во долниот дел не ги мачкав со чоколадо, значи само одозгора.
Ако ви испукаат при печење, не се секирајте, тоа чоколадото се ќе покрие.
Не се сложени за подготовката, а се вистинска радост и по вкус и по изглед. Инаку откако ги видов на интернет едвај чекав да фатам момент кога да им ги направам.

Израдувајте ги вашите малишани!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани