Ежиња
Состојки
- 1/2 квасец
- 1кг брашно
- 3 јајца
- 3 филџани масло
- 3 филџани млеко
- 3 филџани гриз
- 1кг шеќер
- 1кг вода
- 2 ванили
Подготовка
1. Се зафаќа квасецот. Брашното се замесува со стасаниот квасец, маслото, гризот, млекото, јајцата, сето тоа се меси.
2. Тестото се дели на два дела. Во едниот дел се става какао, а другиот останува бел. Се прават точиња од црното и белото тесто,
се соединуваат топчињата едно до друго, се тапкаат, се става оревче и се витка како кифла.
3. Се реди во подмачкан плех, се печат на релативна температура.
4. Откако ќе се испечат се преливаат со шербетот од 1л вода, 1кг шеќер и 2 ванили. Можат да се валкаат во мрвици, ореви.