27
јун
2014
Едноставно солено ролатче со зелени маслинки
Едноставно, солено, декоративно ролатче.
Димензии за печење се мала ростер тава или друго помало плехче.
Прво се матат јајцата (по можност селски јајца, поради интензитетот на бојата) со солта, се додаваат јогуртот, маслото, брашното, палентата, пецивото.
Се истура смесата во тавата и се печи.
Се лади, па се премачкува со кисела павлака.
По должината на крајот се редат маслинките.
Се завиткува ролатчето во фолија да стои во фрижидер 2 часа.
Се вади од фрижидер танко се премачкува со павлака и врз неа се ставаат ленти кашкавал.
Се сечи на парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
POZ i ubava rabotna nedela
јас уживам во добри фотки, па тоа ми е поважно од самиот рецепт, затоа и немам толку мои рецепти, туку си готвам туѓи и си фотографирам :) :) :) :)