Празнична цвет погача со зелени маслинки и урда
Погачава ја нареков празнична од причина бидејќи порано не поминуваше празник или слава, а мајка ми да не ја приготвеше. Се сеќавам дека секогаш се спремаше според оваа доза од која излегуваат 4 помали погачки, никогаш ја немам правено по една, затоа и рецептот ви го споделувам според дозата која секогаш ја правела мајка ми и која јас продолжив со традицијата :)
Состојќите за полнењето не практикувам секогаш да се исти, ги менувам според тоа најчесто има дома или според барање од домашните (сите имаат различни желби ).
Подготовка на тестото
Во тенџере на оган го налеваме млекото и оставаме малку да се стопли. Откако ќе се стопли тенџерето го тргаме оган и во него го додаваме коцките квасец и мешаме со дрвена лажица додека квасецот не се растопи, не чекаме да се активира одма го додаваме во садот за месење каде претходно ги имаме спремано преостанатите состојки. Месиме додека не добиеме меко тесто, потоа тестото го покриваме со памучна кујнска крпа и оставаме да стаса околу 30 минути. Поминати 30 минути тестото повторно го размесуваме и оставаме да остои уште 20 минути. Пото тестото го делиме на четити дела кој треба да ги процените според тавта за печење. Јас овојпат направив три поголеми и една помала погачка. Парчињата од тестото ги формираме во топки и ги оставаме на намастената работна маса.
Полнење и сечење на тестото
Од секоја топка расукуваме кора отприлика во правоаголна форма. Кората ја премачкуваме со путер, наросуваме од урдата и зелените маслинки. Двата хоризонтални краеви ги преклупуваме за да се доближаат, а потоа уште еднаш ги преклопуваме (како на сликите) и сечиме наизменично да дојде како триаголници (како на сликата). Првите две парчиња од двата краја ги преклопуваме едно врз друго и ги ставаме на центарот во тавата за печење, а другите парчиња наизменично ги редиме во тавата за печење(како на сликата). Тестото го премачкуваме со жолчките од јајца и наросуваме од семето од афион. Печиме на 180 степени додека не зарумени. Истата постапка ја правиме со преостанатите топчиња тесто. Испечената погача ја премачкуваме со растопен путер.
Забелешка
Се разбира вие доколку сметате дека дозата за вас е премногу може да ја преполовите, а и состојките за полнењето може да си си менувате спорет ваш вкус.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани