7
сеп
2014
Палачинка омлет со зелени маслинки
Појадок за 5 минути. Маслинките се сецкаат на тркалца се додава и ситно сецкан магдонос и јајцата и се убаво се меша, се посолува малку бидејки и маслинките се солени. Во електрично тавче за пица се става малку масло да се загрее и се става смесата, се поколува со капак и се остава да се испече омлетот. Готовиот омлет се витка како палачинка и се сервира со домат.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови