Едноставно солено ролатче со зелени маслинки
Состојки
- тесто
- 2 јајца
- 1/4 лажиче сол
- 3 лажици брашно
- 70 мл јогурт или кисела вода
- 2лажици масло
- 1 лажица палента
- 1/4 лажиче пециво
- 150 гр кисела павлака
- 15 маслинки со пиперка
- 2-3 ленти кашкавал
Подготовка
Едноставно, солено, декоративно ролатче.
Димензии за печење се мала ростер тава или друго помало плехче.
Прво се матат јајцата (по можност селски јајца, поради интензитетот на бојата) со солта, се додаваат јогуртот, маслото, брашното, палентата, пецивото.
Се истура смесата во тавата и се печи.
Се лади, па се премачкува со кисела павлака.
По должината на крајот се редат маслинките.
Се завиткува ролатчето во фолија да стои во фрижидер 2 часа.
Се вади од фрижидер танко се премачкува со павлака и врз неа се ставаат ленти кашкавал.
Се сечи на парчиња.