Подготовка

Започнете со матење на 6те жолчки и шеќерот. Постепено додавајте го млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво. На крај додадете го брашното и матете ја смесата додека не се соедини.

Поставете ја на тава обложена со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути.
Кога тестото е готово премачкајте го со крем од Винчини.

Во меѓувреме изматете ги белките и шеќерот и размачкајте ги врз кората. Вратете во рерната и печете најмногу 5 минути.

На крајот, кога матените белки ќе се зацврснат, прелијте со топено чоколадо и оставете го колачот да се олади.
На здравје...
1 шоља =120мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани