Прво се приготвува првиот фил
160мл вода, 200гр чоколадо, 90гр какао, 30гр чоколадо во прав и 150гр шеќер сето ова да се стопи.

За пандишпан
Се матат белките со шеќерот, во цврст снег, се додаваат презлата, брашното, гризот, 4 лажици од првиот фил (изладен да е) и пециво. Се печи по намрсен плех во загреана рерна на 180степени околу 20-25 минути.

Втор фил
Се матат жолчките со шеќерот во прав и се варат на пареа. Настрана се мати 250гр маргарин со шеќер во прав и му се додава првиот фил. Се мати убаво да се соедини. На сето ова се додава 1 лажица еурокрем и изладениот крем од жолчки.

На мачмалоу-то им се вадат кексите (останува само белиот дел) и кексите се додаваат во филот (издробени со рака).

Пандишпанот се сечи на 3 ленти, првата се филува со филот, втората се премачкува со еурокрем, се редат мачмалоу-то (белиот дел) над нив се пополнува со фил повторно, пандишпан и се завршува со фил. На крај се украсува со слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови