Подготовка.
1. Жолчките ги матиме на вообичаен начин заедно со шеќерот и ги додаваме сите состојки за тестото. Во подмачкана мала ростер тава го сипуваме и печеме петнаесетина минути на 200степени. Откако тестото е готово го вадиме од рерна и оставаме да се излади. Млекото и румот ги загреваме и го преливаме изладеното тесто.
2. Белките ги матиме со шеќерот додека не добиеме цврста пена. Шамот го сипуваме врз тестото и убаво го распоредуваме. Рерната која е веќе загреана на 180степени ја исклучуваме и тогаш го ставам шамот внатре да се пече петнаесетина минути,
3. Чоколадото го топиме на пареа заедно со две лажици зејтин. Изладениот колач предходно исечен го преливаме со чоколадото.
Брзо се прави, не е скап, а е превкусен.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани