Домашно мачмалоу со крем
Состојки
- 6 јајца
- 1 и 1/2 филџан шеќер
- 1 и 1/2 филџан млеко
- 1 филџан масло
- 1 и 1/2 филџан брашно
- 1 пециво
- 3 лаж какао
- фил
- 6 белки
- 12 лаж. шеќер
- крем винчини за брз тестото и течна чоколада винчини
Подготовка
Подготовка
Започнете со матење на 6те жолчки и шеќерот. Постепено додавајте го млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво. На крај додадете го брашното и матете ја смесата додека не се соедини.
Поставете ја на тава обложена со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути.
Кога тестото е готово премачкајте го со крем од Винчини.
Во меѓувреме изматете ги белките и шеќерот и размачкајте ги врз кората. Вратете во рерната и печете најмногу 5 минути.
На крајот, кога матените белки ќе се зацврснат, прелијте со топено чоколадо и оставете го колачот да се олади.
На здравје...
1 шоља =120мл