Домашен кајмак
Кајмакот....мммм
Го сакав уште од мала, особено со лиснато тесто.
Пораснав, си купив козички и почнавме сами дома да си го правиме. Не е тешко, ама е споро. Затоа кога ќе купувате на пазар, не пцујте по цената =))
Постојат и оние кајмаци во пластични кутивчиња, ама тоа само носи име кајмак, врска нема со кајмак. Дури ни на павлака не личи од што е тапа =))
Засукувајте ракавите, време е традицијата да ја победи индустријата =))
Кајмакот се создава на површината на ТОПЛОТО млеко. На ладно млеко не. Затоа за да се направи кајмак, потребно е млекото прво да се свари (ако е домашно, природно), се остава да се лади и во текот на ладењето повеќе пати се собира кајмакот. Доколку сакате да соберете кајмак одеднаш, млекото по варењето оставете го на многу тивок оган, ептен тивок, колку да одржува топлина за постојано да се создава кајмак.
Професионален начин на собирање кајмак е да се сипе млекото во долги и широки тавчиња, за почесто и на поголема површина да се собира, но за домашни услови доволно е кое било тенџере.
Штом се направи кајмак на површината се собира со лажица решетка или ако немате таква собрете го со обична лажица.
Ако работите со лажица решетка, исцедете го вишокот млеко, па ставете го во садот во кој што сакате да го чувате. Најважно е да знаете дека ако сакате да стои подолго време (повеќе од две недели).
Ако не работите со лажица решетка, црпнете го со обична лажица, но ставете го во цедалка да се исцеди од вишокот млеко, па потоа префрлето го во садот во кој што ќе стои кајмакот. Вишокот млеко ќе му даде на кајмакот покремаста структура, павлакаста. Па вие изберете си каков кајмак сакате.
Се реди слој врз слој кајмак, а по секој слој од кајмак се посолува малку сол, за вкус и за природен конзерванс. Ќе внимавате при солењето да го солите само новиот слој, за да не се засоли многу стариот слој и да не биде вкусен за јадење. Се чува во фрижидер, покриено за да не поприми мириси од фрижидерот. По една недела стоење, кајмакот се промешува убаво за да се изедначи солта.
Оваа постапка ја повторувате постојано, се додека не соберете онолку кајмак колку што е ви е потребно. За жал, не можам да ви кажам од колку литри млеко, колку кајмак се добива, бидејки ние секој ден вариме козјо млеко за бебуш, па тој кајмак го собираме и постојано имаме кајмак за прикаснување.
За кајмакот да ја постигне потребната зрелост потребно е да стои во фрижидер две недели. За да се добие комплетен кајмакаст вкус. Иако, не е ништо помалку вкусно и кога не е стоен две недели. Може и веднаш да се јаде.
Како што кажав, ние си имаме наши козички, млекото е со полна масленост и кајмакот е преубав. Не знам дали ќе биде успешно и колку ќе биде успешно со тетрапак млеко.
Ако некој проба со тетрапак, нека пише.
Како што кажав, лесно, ама долго и досадно =))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
A toj metod sto go spomna da stoi na mnogu tivok ogan, taka se pravi i Clotted cream vo Angliskata kujna. Ke go procitam vnimatelno receptot uste ednas, oti nekogas ne docituvam kako treba, pa ke kazam sto sum napravila :)
Posolen, ostaven vo frizider da "se stori" barem nekoj den. Vaka vo cinivceto ne e bas reprezentativno za slikanje, ke poceka....
ви се извинувам на сите што не сум одговорила порано, ама беХ бизи :) :) :) :)
ај по список:
ЛилиН, и првиот и последниот коментар се твои, очигледно не стигнав на време да ти помогнам. уште еднаш се извинувам.
ние како што кажав имаме и бебуле, а и правиме домашно сирење, па кајмак си вадиме по две три црпалки на ден. кога ќе видиш дека то ани се случува секој ден, се насобира :)
инаку, правилото вика....вадиш додека имаш нерви :) :) :) :)
добра слика од кајмак речиси и да нема шанси да се направи, ама еве ќе ве поќастам со нашата трпеза. домашно сирење, домашен кајмак, домашен кашкавал и мекици. се' сами си правиме :)
љиљо ју ар велкамд ;)
ние овие рецепти ги најдовме по српски форуми, кај нас вакви форуми нема. сите ќе ти кажат како нешто се прави, ама онака од тепка, а вистински рецепт никој не ти кажува. ние сами откривме дека ЈОДИРАНАТА сол го згорчува сирењето, а со тоа и кајмакот....човек учи додека жив (а до тогаш е и крив) :) :) :) :)
клариште ѕвериште, не де нема врска со она што го вадиме од врв на чаша, туку е комплет различно. како кремче е. за моја љубАв пробај. не мора да чекаш две недели да стаса, кркни го одма...додека не ти го смуфтале по дома :) :) :) :)
ели4ка, има работа :)
затоа пишав, следниот пат кога ќе купувате, не пцујте за цената :) :) :) :)
и ДЕВОЈЧЕ сум цел живот. лудвиг ми е нагаленото име од љиља. знам дека сум девојче....чучнувам кога чишкам (нека ми извини трпезата) :) :) :) :)
светле, данкешен. ние сме си традиционално производство. вакви работи кај нас се секојдневие :)
маја, има место и за спиење, а и голем двор за шатор, бирај! :) :) :) :)
Kolku i da ima angazman okolu bebuleto, veruvaj, nisto ne e vo sporedba so tinejdzer pod krovot :)) Jas sum pasioniran ljubitel na mlecni proizvodi, iako onie koi se zanimavaat so nutricionizam velat deka toa ne e za mene. Taka da, si se pokanuvam, i si se posluzuvam, a za mesto, ako moze za mene 2, bez maz mi ne doagam, nama koj da mi gi brka kefovite :)) BTW, sega ke go poglednam blog-ot :)
нашево бебуле е толку мирно што имаме време за се'. како да нема бебе во куќата :)
а за тинејџери знам. изгледав три внуки, едната вчера матура славеше, а кога тинејџираше секој викенд кај мене на спиење беше. ете, деца....и ќе те дигнат и ќе те треснат :) :) :) :)
домашно сиренце, пропрженко на <a href="http://www.delimano.com.mk/delimano_tavi/gril_tava.html" title="ДЕЛИМАНО ГРИЛ ТАВА" rel="nofollow">ДЕЛИМАНО ГРИЛ ТАВА</a> на малку маслинов зејтин, со босилек и сол :)
треба мекиците да ти ги опишам каде се? :) :) :) :)
Еј Лудвиг, закон ти е кајмакот, закон.... колку многу поштовање имам кон твојата трпеза... па се домашно..е кај има подобро од тоа? Да си ги пишала сите рецепти во врска со благината... мелкото мислам. се што тоа ти произведуваш во домашната работилница... плиииизззз, сакам- сакам и јас вакви работи, не само ЛиЛиН, одма до неа во редот стојам и јас!!! Поздрав Лудвиг...
ќе пишам се' што знам, само да видам со добри слики како стојам :)