Домашен кајмак
Состојки
- 1 литро млеко
- сол по потреба за посолување
Подготовка
Кајмакот....мммм
Го сакав уште од мала, особено со лиснато тесто.
Пораснав, си купив козички и почнавме сами дома да си го правиме. Не е тешко, ама е споро. Затоа кога ќе купувате на пазар, не пцујте по цената =))
Постојат и оние кајмаци во пластични кутивчиња, ама тоа само носи име кајмак, врска нема со кајмак. Дури ни на павлака не личи од што е тапа =))
Засукувајте ракавите, време е традицијата да ја победи индустријата =))
Кајмакот се создава на површината на ТОПЛОТО млеко. На ладно млеко не. Затоа за да се направи кајмак, потребно е млекото прво да се свари (ако е домашно, природно), се остава да се лади и во текот на ладењето повеќе пати се собира кајмакот. Доколку сакате да соберете кајмак одеднаш, млекото по варењето оставете го на многу тивок оган, ептен тивок, колку да одржува топлина за постојано да се создава кајмак.
Професионален начин на собирање кајмак е да се сипе млекото во долги и широки тавчиња, за почесто и на поголема површина да се собира, но за домашни услови доволно е кое било тенџере.
Штом се направи кајмак на површината се собира со лажица решетка или ако немате таква собрете го со обична лажица.
Ако работите со лажица решетка, исцедете го вишокот млеко, па ставете го во садот во кој што сакате да го чувате. Најважно е да знаете дека ако сакате да стои подолго време (повеќе од две недели).
Ако не работите со лажица решетка, црпнете го со обична лажица, но ставете го во цедалка да се исцеди од вишокот млеко, па потоа префрлето го во садот во кој што ќе стои кајмакот. Вишокот млеко ќе му даде на кајмакот покремаста структура, павлакаста. Па вие изберете си каков кајмак сакате.
Се реди слој врз слој кајмак, а по секој слој од кајмак се посолува малку сол, за вкус и за природен конзерванс. Ќе внимавате при солењето да го солите само новиот слој, за да не се засоли многу стариот слој и да не биде вкусен за јадење. Се чува во фрижидер, покриено за да не поприми мириси од фрижидерот. По една недела стоење, кајмакот се промешува убаво за да се изедначи солта.
Оваа постапка ја повторувате постојано, се додека не соберете онолку кајмак колку што е ви е потребно. За жал, не можам да ви кажам од колку литри млеко, колку кајмак се добива, бидејки ние секој ден вариме козјо млеко за бебуш, па тој кајмак го собираме и постојано имаме кајмак за прикаснување.
За кајмакот да ја постигне потребната зрелост потребно е да стои во фрижидер две недели. За да се добие комплетен кајмакаст вкус. Иако, не е ништо помалку вкусно и кога не е стоен две недели. Може и веднаш да се јаде.
Како што кажав, ние си имаме наши козички, млекото е со полна масленост и кајмакот е преубав. Не знам дали ќе биде успешно и колку ќе биде успешно со тетрапак млеко.
Ако некој проба со тетрапак, нека пише.
Како што кажав, лесно, ама долго и досадно =))