1. Се матат белките со шеќерот. Се додава брашното помешано со пецивото и се става да се пече во намастена и набашнета тава(кај мене со димензии 25х37) на 200 Ц. некаде околу 5 мин.додека тестото стане светло кафено.
2. Се вади тестото од рерна и одма целото се боцка со вилушка и се прелива со 300 мл жешко млеко во кое има 2 лажици шеќер и се остава да се олади односно млекото да се впие во тестото.
3. Фил* 6 жолчки се матат убаво со 10 лажици шеќер,се додава 4 лажици брашно се мати и во смесата се додава пола литар ладно млеко и 2 лажици екстракт од ванила.Сето тоа добро се изматува и на умерен оган вариме густ крем со постојано мешање.
4. Кремот го тргаме на страна и одма го додаваме маргаринот да се растопи во него и цела смеса ја матиме со миксер и ја оставаме добро да се олади.
5. Со ладен крем го мачкаме тестото и добро го израмнуваме.
6. Врз филот ставаме изматени 2 или 3 шлага и рендаме чоколадо.
7. Колачот го ставаме во фрижидер добро да се олади неколку часа пред служење.

.............Кларчеее....Само за тебе...не можев да дочекам да направам торта, па во замена за неа овие вкусни коцки ти ги посветувам тебеее....Фала ти мила многу од се срце за подарокот многу ми се допадна и еве можеш и сама да видиш одма е ставен во употреба Ч)))...кис,кис голем за тебе...и поздравче и гушкааа....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови