Чоколадни коцки со ванила крем и банани
За подготовка на пандишпанот
Се матат јајцата со шеќерот. Од како убаво ќе се изматат се додава млекото и маслото. Сите суви состојки се мешатаат и се додаваат во изматените јајца и со лажица убаво се соединуваат.
Се пече во тавче од електричен шпорет претходно обложен со хартија. Се пече на 180 степени околу 15- 18 минути.
Од како ќе се испече и ќе се подизлади му се остранува хартијата и пак се става во тавчето.
За ванила кремот
Се става млекото со шеќерот на оган да зоврие. Претходно се остава малку млеко за да се раствори прашокот за пудинг. Од како млекото ќе зоврие се става пудингот и се меша се додека убаво да се стегне.
Од како ќе се тргне од оган му се додава маргаринот и се меша додека да се растопи.
Вака подготвениот крем половина од него се става врз пандишпанот, па се реди бананата исечена на кругчиња и одозгора се става преостанатиот крем.
Се остава во фрижидер да се олади и да се стегне.
Шлаг кремот се мати со млекото околу 5 минути и во него се додаваат мелени ореви. Вака подготвен се става врз претходно оладениот ванила крем.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови