Кога би ги опишала со два збора,би кажала,едноставно највкусни.
Брз рецепт кој верувам ќе ве остави без зборови.
Се матат јајцата со шеќерот.Се додава јогуртот и маслото.
Брашното со пецивото и ампулата се додаваат и се промешува со исклучен миксер.
Се полнат корпиците до половина за да не претечат и се ставаат да се печат во вжештена рерна.На пола печење,се додаваат чоколадните парченца и веднаш се враќаат во рерна.Оставете да се допечат и ако имате храброст дочекајте да истинат па јадете.Ние немавме храброст па ги изедовме жешки,и нормално следуваше уште една доза.
На здравје
(филџан 125мл) 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови