Чоколадата и путерот ги растопуваме на пареа.
(Ја ставаме половина од чоколадата 50 гр )
Оставаме да излади смесата, па додаваме шеќерот, солта, пецивото и ванилата. Сите состојки ги матиме добро, ги додаваме јајцата, брашното, какаото и млекото, па матиме повторно.
Калапите обложени со хартиени корпици ги полниме со смесата.
Печеме во рерна проверувајќи со чепкалка колку се печенки.
Оставаме да излади.
Остатокот од црното чоколадо го топиме на пареа и ја прелеваме половина од мафината. И белото чоколадо го топиме, па ја прелеваме другата половина.
Јас додадов и матена слатка павлака и декорирав по желба.
Тоа сторете го и вие.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови