Браунис со тиква
1. Вклучете ја рерната на 180 степени.
2. На тивок оган растопете го чоколадото и путерот.
3. Јајцата шеќерот и румот пенасто измиксирајте ги. Со дрвена лажица или шпатула додадете го брашното предходно измешано со пецивото.
4. Смесата поделете ја на два дела.
5. Пирето од тиква измешајте го со зачините и маслото и додадете го на едниот дел, а во другиот растопеното чоколадо со путерот.
6. На намастен плех обложен со хартија или во калапи за мафини обложени со хартиени корпиња истурете пола од црната смеса, па пола од жолтата, па останатата половина од црната и над неа преостанатата жолта смеса.
7. Со чепкалка измешајте неколку пати во круг за да се прошара.
8. Одозгора наросете од сецканите бадеми, лешници и ореви.
9. Печете 30-40 мин.
* Следниот пат би им ги заменила местата на путерот и маслото. Така мислам дека би се добил поголем ефект на мешање на смесите.
Лиценца: Сите права се задржани
E sega, doobjasni mi..... Za menuvanjeto, da gi promenis kolicinite, ili vo tikvata da go stavis puterot, a cokoladoto so maslo da go stopis ?? Ili v kraj ne razbrav ?
prekrasen kolac a i slikata e super:)
Лудо немој така на мониторот греота е. Иди, правам одма со брзина на светлината и вака исто ќе ти ги наредам во агол на поглед ;)
Лили, убаво си разбрала. Мислев на тоа второто што го пиша: маслото кај чоколадото, а путерот кај тиквата. Мене брзо ми се згусна чоколадната смеса, а тиквестата беше поретка, па мешањето на двете не ми го даде внатрешно тоа што го очекував, иако надворешно пак, си беа задоволително шарени. Секако вкусот беше одличен и мислам дека можеби нема да смени во врска со тоа кога ќе се рокадира. Следната тиква освен за твоите ванилици и за ова има резервација, па ќе кажам што ќе бидни.
Светле, благодарам :)
Невенче, тиквата беше од оние долгунестите жолти, мислам дека мусковадо рече кај Тикварникот Лили дека се викаат. А овие на слика се малечки, одприлика колку една голема педа. Си ги купив од пазар оти ми беа многу симпатични. Тие ќе ги сечам мнооогу покасно. Дури траат ги сакам за украс ;)
Дани, мене во блага верзија тиквата секако ми одговара. Ете, сега и за солена се мислам... можеби;) Едно време модрите патлиџани беа долго време удостоени, сега ми е драго за Тиквиве :)))
Ви благодарам на сите за пофалните зборови за сликата и самата си се изненадив за резултатот, но веројатно идејата, времето и апаратот се вклопија во една цел овој пат.
Inaku go pravev so maslo, maslinovo, i sosema bese ok slojot so tikva.
А црниот дел без пециво е речиси идентичен на ова Брауни http://moirecepti.mk/post/toplo-cokolado-brauni-lesnici што сум го правела повеќе пати и е ммммммм :)