Браунис со тиква
Состојки
- 4 јајца
- 150 гр кафеав шеќер
- 1 лажица рум
- 115 гр путер или маргарин
- 170 гр чоколадо
- 220 гр брашно
- 1 лажица прашок за печење (пециво)
- 300 гр пире од тиква
- 60 мл масло
- 1 1/2 лажичка мешавина зачини за медењаци (или по пола лажиче ѓумбир, цимет и каранфилче)
- за посип, сецкани ореви, бадеми, лешници
Подготовка
1. Вклучете ја рерната на 180 степени.
2. На тивок оган растопете го чоколадото и путерот.
3. Јајцата шеќерот и румот пенасто измиксирајте ги. Со дрвена лажица или шпатула додадете го брашното предходно измешано со пецивото.
4. Смесата поделете ја на два дела.
5. Пирето од тиква измешајте го со зачините и маслото и додадете го на едниот дел, а во другиот растопеното чоколадо со путерот.
6. На намастен плех обложен со хартија или во калапи за мафини обложени со хартиени корпиња истурете пола од црната смеса, па пола од жолтата, па останатата половина од црната и над неа преостанатата жолта смеса.
7. Со чепкалка измешајте неколку пати во круг за да се прошара.
8. Одозгора наросете од сецканите бадеми, лешници и ореви.
9. Печете 30-40 мин.
* Следниот пат би им ги заменила местата на путерот и маслото. Така мислам дека би се добил поголем ефект на мешање на смесите.