Браунис со тиква
Чоколадо и тиква одлична комбинација. Прекрасни мекани браунси со фил од тиква покриени со прекрасен ганаш. Кој би одолеал на вакво нешто?
Се матат со маталка јајцата со шеќерот и ванилата. На страна се топи на пареа путерот (маргаринот со чоколадото) Откако малку ќе се изладат се додаваат чоколадото со путерот во јајцата со шеќерот. Се мати убаво и на крај се додава брашното. Се мати додека не се добие убава мазна смеса.
Во намрсено тавче(23х23-коцка тавче за лазањи е идеално) се истура половина од смесата и се печи во загреана рерна на 180степени 10-15мин додека не фати малку кора.
Јајцето со шеќерот се матат со маталка. Се додава крем сирењето, пирето од тиква, ванилата циметот.Откако ке се потпечи тестото се истура филот од тиква и се врака повторно во рерна околу 10-15мин повторно да фати кора. На крај се додава останатото тесто врз филот и повторно се враќа во рерна да се допечи(околу 20мин)
Кората ќе биде мека, но откако ќе се излади ќе се здрви.
Ганаш: Слатката павлака се става на оган заедно со чоколадото се меша постојано да се стопи чоколадото.Откако ќе се испечат браунсите се додава врз нив ганашот. Се остава да се излади потполно околу 3-4 часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови