Божиќен колач
Божиќ изгледа далеку, ама овој колач за да ја развие потполната арома и вкус и да созрее треба да отстои најмалку 6 недели. Затоа, сега е време да се направи.
За Клара и ЛУДО, кои мислат дека досегашните мои рецепти се “со чекање“... Е не баш, овој е таков...
Исецкајте го на коцки кандираното овошје, кандираната кора од агруми, урмите и црните сливи. Бадемите излупете ги и исецкајте ги на ливчина. Цело суво и кандирано овошје заедно со бадемите ставете го во еден поголем сад кој добро се затвара, прелијте со Бренди, добро измешајте, затворете и оставете го во фрижидер најмалку преку ноќ.
На денот кога ке го подготвувате колачот обложете ги со хартија за печење дното и страните на округли калап број 24 или 26. Од страните хартијата нека е повисока за 2 - 3 цм од работ на калапот.
Рерната загрејте ја на 135 Ц.
Во смесата на суво и кандирано овошје додајте 60 гр брашно и измешајте.
Во еден мал сад со жица измешајте го брашното со солта, содата и зачините. Оставете на страна.
Измешајте го медот со сокот од јаболко. Оставете на страна.
Во еден многу голем сад за матење со миксер пенасто изматете го путерот, додајте го кафеавиот шеќер и повторно матете. Едно по едно додајте ги јајцата, добро матејки меѓу секое додавање. Продолжете да матите и наизменично додавајте ги брашното и сокот од јаболко, така да ќе почните и завршите со суви состојки. Јас сувите состојки ги додавам во три наврати, а водените во два. На крај со шпатула или со голема лажица измешајте го во смесата сувото овошје.
Истурете ја смесата во калапот за печење, израмнете ја површината и печете го колачот 3 до 3 1/2 часа. Проверете со чепкалка.
Оставете го колачот сосема да се излади. Прелијте го со 2 - 3 лажици Бренди, завиткајте го лабаво во хартија за печење, а потоа и во алуминиумска фолија. Ставете го во кутија која добро затвара и заборавете го до Нова Година или до Божиќ. Чувајте го на ладно, но не во фрижидер.
Е, кога после ке го отворите ке ве награди со исклучителен вкус, текстура и арома.
Ако сакате пред да го послужите можете да го обложите со марципан или со Ројал ајсинг.
Овој колач кај мене е обавезен за празниците. Сите мои пријатели кога ми доагаат на гости очекуваат да ги послужам со него или барем да им испратам по едно парче.
Годинава оваа количина ја печев во два калапи со пречник 16 цм и во 6 средни силиконски калапи за мафини. Сите поединечно ги завиткав и ги оставив да отстојат до празниците. Видот на суво и кандирано овошје можете да го менувате според ваша желба, тоа ќе ви даде и малку поинаков вкус на колачот, но запазете ја количината дадена во рецептот, 680 гр кандирано овошје и 600 гр суво овошје. Со годините мене оваа комбинација најмногу ми се бендиса. Наместо кандирано, можете да користите овошје од слатко, но најпрво добро нека се исцеди од сирупот.
Лиценца: Сите права се задржани
LiliN, jas se najdov da doobjasuvam nesto na FB vo vrska so receptot, ziti boga- aj idi vidi dali sum pravilno napisala, nemoj da pogresno upativ, ama jas taka znam, taka go razbiram kolacot, taka i napisav... :):) - ako ustvari ti ne rabotis taka, jas si go objasniv taka kako sto go i razbiram kolacot i kako sto rabotam jas koga e vo prasanje suvo ovosje pa neka e i samo suvo grozje... ama ne e na odmet da vidis tamu...Inaku ova mirise do ovde....m.m.m.m.m.
Драга Лили, за во иднина, за да избегнат недоразбирањата можеш да ја искористиш опцијата за додавање ГРУПА, па под секоја група да се наведени состојките.
И доколку некогаш имаш некоја измена која сакаш да се направи, слободно пиши ни на мејл или порака на Фесјбук групата.
Поздрав :)
Se pomisliv jas za mnozni zabuni, ama kako da napravev grupa koga site sostojki se za edno testo ?
A vaka pak, receptot ispadna mnogu neugleden, samo edna bezlicna, prilicno dolga lista na sostojki....
А не е лошо некој да објави рецепт за кандирање на овошје,ако има.
А за Мои рецепти мислам дека е редно веќе да воведат и други категории во време за подготовка освен часови.На пр. може да почнеме со недели,бидејќи Лили тука ги проби сите рокови.:D
Lile pred nekoj den objavi recept za kandirani kori od limon i portokal....
Fala ti za cestitkata :)
Ах, ми текна! Број ме и мене во тие што ќе чекаат на овие колачиња, макар и од ронките.. не се бунам јас ;)
Jas na se za sto si mislam deka nepovratno go nema se raduvam ko dete koga od nekade nenadejno ke se pojavi :))
Go pravev tikvarnikot tvoj, ispadna super!
Vo najmala raka, paketce prednovogodisno ke treba da spremam :)))
Pozdrav!
Фала за одговорот. :)
Pa posle ponatamu :)))
Kakvi raboti ti pravis, zarem ova nema, kako ovosen kolac obicen, samo malku drugi sostojki :))
Tocno izgleda kako sto treba!
A sega cekaj gi praznicite :))
Барем ти си ми инспирација и ваквите комплексни рецепти да ми постанат предизвик.
A ne se trevozi, prvite raboti prvo... Receptot ne bega, ako ne bide godinava, dogodina ke bide :)))
Е сега, овошјето во бренди го ставив пред 2 дена :) - Уште не стигнав да го испечам. Мора веќе да се пече, или може до утре да почека?
(Според мене, тоа ќе си ферментира и не е проблем, ама да си прашам мастер готвач :))
Mozi i cela nedela... Kad tad, ne e greda... Ete, Lile go proba samo dve nedeli stoen i pak go bendisa... Krajno do Bozik imas uste dve nedeli :))))
Планирам по еден мал колач за мајките за подарок - па кога сакаат нека го пробаат :)))
И еден ќе си чувам до роденденот на син ми..таман 6 недели :)
Mene tvojot mi e poubav, mojot zoltenikav bese od marcipanot, tvojot so fondan e bas kako sto trebe da bidi.
Bravo!!
Malku potemen mojot, samo 2 nedeli stoen, ama i vaka nesto izvonredno. Edno parce ke ceka uste 3-4 nedeli, a dogodina ke se organiziram so vreme :)
Ti blagodaram Lili za ovoj recept. Srekni praznici!
Kef mi e sto Bozikniot kolac bese del od vasata praznicna trpeza :) A bojata mnogu zavisi od sekerot i od ovosjeto, toa vo vkupnoto dozivuvanje nema znacenie :)
За секоја пофалба! Се надевам дека ќе сум способна следната година и јас да го направам ;) Фала Лили :)
само еднаш се осмелив да го душнам, страв ми беше да не потклекнам на искушението :) :) :) :)
Stvarno zaboraviv eden kolac skoro 7 nedeli...ali vredese. Vkusot, epten, epten najubav. Stvarno stoenjevo go napravi nekoj drug kolac :)
Се спремам, сега за сега психички, па да си разјаснам се во глава пред да почнам :)
Ливчиња од бадем не сум видела до сега во продавница. Еднаш сама ги правев со лупалце за компири и добри ми испаднаа, само многу мачно ми се виде. Има ли поедноставен начин да се исечат бадемите на ливчиња?
А за замената на брендито, сега се прашувам дали може домашен ликер од вишни да ставам? Никој не го пие, а мнооогу убаво мириса :)
Инаку имам рецепт за Божиќен колач во еден готвач и се спрема со Гинис :)
A toj kolacot so Guinness, toa Plum Pudding e, se pravi so varenje na parea, i zatoplen se posluzuva. Malku poinakov e od ovoj kolac :)
Само уште да ми кажеш колку ги полниш калапите, да не ми избега дур се пече :)
Sega mi tekna- se spremav za svadbata !
Ubavini L;iliN i sostav i slika ma se kompletno!
Eve go, pred pecenje :)) Ke go bide li?? ;))
Citav, kao vnimatelno, mislam Lile pomogna sosem soodvetno.... Ovoj kolac na slikata, so marcipan e preslecen, toj za podarok otide.... Za po doma, zosto sin mi ne saka marcipan, so Royal Icing go pravam. Ne se rasipuva, ama so stoenje se oddeluva od podlogata, i.e. od kolacot. Dodusa, jas za 2 - 3 dena podarok ke dadam po edno parce, taka da kaj mene, odkako ke se iseci posle 6 nedei stoenje, doma mnogu malku ostanuva. Albetina, ako se dvoumis, so marcipan oblozi go, premeckuvajki go so sosema tenok sloj rastopen marmalad prethodno za da se zalepi marcipanot.
Krajno vreme e i jas da si go napravam :)) Fala vi na site, za ubavite komentari koi me docekaa :)
КОНЕЧНО ГО НАПРАВИВ!!!
КОНЕЧНО!!!
цеееела година чекаше на ред, се спремав, па фати жешкото и сувите овошја чекаа во фрижидер потпени ШЕСТ месеци :) :) :) :)
ваљда е доволно од горенаведеното БАРАМ ДВА ДЕНА, м? :) :) :) :)
го правев во разни калапчиња, направив и залчиња во калапи за пралини, мирисаш куќава преубаво.
шеќерниов мој нешто не го бендиса на изглед кога го извадив од печење, ама кога проба морав веднаш да прибирам по кутии и да кријам. како му се стаи, маф направи четвртина уште не оладено :) :) :) :)
Dooooooovolno dolgo stoelo suvoto ovosje, duri i po moj kriterium :)
Srceto e pretpostavuvam za mene, ke si go zemam, gusni deca od "baba" i se citame koga kolacot vistinski za konzumiranje ke bidi :).
Cestitki rodendenski ke pratam za 12 dena, ako dobro smetam :)
ќе има уште слики кога ќе почнеме да јадеме :) :) :) :)
Neka e cestit rodendenot na Ognen sinko, a sekako pozdrav do vas ostanatite , sega toj e glavnata zvezda,
Receptov e za golema pofalba! Odlicen kolac, bogat na vkus i miris. Jas pimentot go melev pa zatoa imase pointenziven miris na nego, drugpat ili site zacini sama ke gi melam ili site veke meleni kupeni ke stavam :) Go pecev tocno 3 ipol casa ama neznam na slikata dali ubavo moze da se vidi, malku kako da e "vlazen". Nareden pat malku podolgo ke go ostavam da se pece :)
Lili, fala ti za uste eden prekrasen recept! Mozam samo da kazam deka cekanjeto za da se proba kolacot, se isplatese! :)
Neka vi se srekni praznicite :)
Da se potsetime na ovoj evergrin recept :) Posle tolku vreme konecno stignav i jas da go napravam. Bidejki jas postam, ke pocekam uste 2 nedeli, a del odi kako podarok za katolicki Bozik kaj semejstvoto od soprugot. Napraven e pred 4ipol nedeli i kako samo mirisa prekrasno. Edvaj cekam da go probam, znam deka e predobar.
Lilin ti blagodaram mnogu za ovoj recept. Za onie koi ne go isprobale, obavezno da si go spremite.
Ke iskoristam i ke cestitam praznici na site, da ste mi srekni i veseli sekogas.
p.s od nekoi tehnicki pricini ne mozev da se logiram od mojot profil, pa se javuvam od fb., inaku svetulka e :)
Sovrsen vkus,magija
Bravo i za tvojata podgotovka na ovoj prekrasen recept.
Pozdrav za LiliN i za tebe
Go pravev na 20.11
Go otvoriv pred dva dena
Napraviv uste edna doza, vo 2 kalapi
Ene go zree veke 5 dena, go skriv, i zdravje do februar neka ceka degustacija.
Staviv ovaj pat dunjevaca, rakija namesto brendi