1во тесто - Јајцата ги матиме со шеќерот. Ги додаваме оревите, брашното, шеќерот со вкус на рум, пецивото и какаото и мешаме со дрвена лажица. Смесата ја ставаме во округли калап со обрач кој се отстранува, претходно намачкан со масло и хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 180 степени.

2во тесто - белките ги матиме во цврст стег со постепено додавање на шеќерот. Ги додаваме урмите, румот, оревите, маслото и брашното и мешаме со дрвена лажица. Смесата ја ставаме во округли калап со обрач кој се отстранува, претходно намачкан со масло и хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 180 степени.

Фил – во длабок сад на оган ставаме 800 мл млеко. Во 200 мл млеко ги раствараме пудинзите. Жолчките ги матиме и ги додаваме во растворените пудинзи. Жолчките и пудинзите ги додаваме во млекото што врие и постојано мешаме додека не се згусни смесата. Оставаме да се лади.
Маргаринот го бијаме со шеќерот во прав. Изладените пудинзи ги додаваме и матиме со миксер. Филот го делиме на 2 дела . во едниот дел додаваме стопено црно чоколадо , а во другиот мелените ореви.

Филување- 1вото тесто го делиме на 2 еднакви дела. Правиме 2 теста со белки, така што ќе имаме 4 теста.
Најдолу го ставаме едното тесто од белки, врз него ставаме 3 лажици чоколадо за готвење, премачкуваме преку тестото. врз тестото ставаме третина од филот со ореви. Следно ставаме кафеаво тесто, врз него ставаме половина од филот со чоколадо, премачкуваме. Потоа го ставаме белото тесто, врз него ставаме стопено чоколадо , премалкуваме, ставаме половина останатиот бел фил. На крај го ставаме последното кафеаво тесто, премачкуваме со фил од чоколадо. Оставаме малку да се стегни, најгоре и од страните премачкуваме со бел фил и декорираме по желба

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани