Роденденска торта со многу филови
Состојки
- 1 пандишпан
- 3 јајца
- 3 лажици врела вода
- 130 гр шеќер
- 120 гр брашно
- 80 гр нишесте
- 2 ванилин шеќер
- 3 лажичиња пециво
- Чоколадни фил
- 1500 мл млеко
- 4 пудинг од чоколадо
- 5 лажици густин
- 15 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо
- 6 лажици нутела
- 250 гр путер
- Ванила крем
- 1 литар млеко
- 8 лажици шеќер
- 2 цели јајца
- 2 пудинг од ванила
- 6 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 250 гр путер
- 1 лажица шлаг во прав (нематен)
Подготовка
Пандишпан
1. Со миксер пенасто се матат јајцата заедно со водата. Потоа се додава шеќерот и ванилата и се миксира 3 мин.
2. Се мешаат настрана брашното со нишестето и пецивото. На два пати се додава брашното кај изматените јајца и се мати на најмала брзина.
3. Рерната се загрева на 180 С и се пече околу 25 мин. Калапот е бр 24 за првата торта, а горната помалата бр 18. Се сече пандишпанот на 3 дела. За поголемата торта може да се исече на два дела и да се направи уште еден пандишпан значи на 4 дела да биде.
Чоколаден фил
Во сад се става млекото заедно со шеќерот. Настрана се меша пудингот со 200мл млеко кое е одземено од претходното млеко, се меша и се вари заедно со нишестето. Се додава во врелиот пудинг од чоколада. Се остава да олади и во оладената смеса се миксира путерот.
Ванила фил
Во млекото се вари пудингот заедно со густинот, шеќерот, јајцата и брашното. Се оладува смесата и се додава путерот. Кога ќе се изедначи филот во него се става нематен шлаг во прав и се миксира.
Првата торта беше со чоколаден фил и пандишпан од по 6 јајца да се добијат 4 кори. Горната торта беше ванила фил и меѓу пандишпанот и филот ставив растопено чоколадо и понекаде слатко од јагоди. Изборот е ваш.
Има многу фил кој останува зошто ја обложив тортата со фондан. Потребен фондан ми беше 1 кг кој го боев со прехранбени бои .
ПС-Може да се стави во чоколадниот фил ореви, лешници.... Но бидејки беше роденденска детска торта беше чоколадна