Моето гиро
Луѓе, кој го нема апаратот за гиро и ражничи - нека го има.
Чудесен е. Како што вели Теофанија само море ни фалеше при ручекот.
Во рецептов не го напишав начинот на припема на лепчињата, питите бидејќи посебно го испратив за објава, бидејќи рецептот е совршен.
Сметав дека на некому ќе му послужи.
Во една здела се соединуваат сите состојки за маринирање на месото.
Секое парче месо се премачкува со четка со маринадата и се остава така месото во еден сад во фрижидер најмалку 8-10 часа.
Потоа се реди на шипката на Апаратот за гиро на Делимано.
Се става една главица кромид одозгора и ваше е само да уживате и да ја чекате првата тура на испечено, ароматично месо после 45 минути.
Со електричен нож постепено одсекувајте ги надворешните површини на веќе испеченото месо.
Питите јас воопшто не ги мачкав со ништо, бидејќи се многу мекички.
На секоја парче пита се става од припременото ѕаѕики, врз него кромид, црвен домат, помфрит, месо, сенф, кечап по вкус и се завиткува во хартиена салфета.
Ако успеете да сликате вие сте 5.
Начин на припрема на ѕаѕики
Во еден сад се соединуваат ситно сецканата краставица, се додаваат останатите состојки за ѕаѕики.Се зачинува по вкус.
Уживајтееееееееее
Лиценца: Сите права се задржани
CUDO E, CUDO, abre merak ,merak e ke kasnis poveke od sto treba ama od ubavina