Моето гиро
Состојки
- 400 гр свинска удина
- 400 гр свински пафлак
- 500 гр обескостени копан со поткопан
- ѕаѕики сос
- 1 свежа сецкана краставица
- 250 гр кисела павлака
- копар, сол, маслиново масло, лукче
- маринада за месото
- 100мл маслиново масло
- 1 лажиче мешан сув зачин
- 1 лажиче бибер
- 1 лажиче оригано
- 1 лажиче оргинал грчки зачин за гиро
- црвен кромид, пржен компир, црвени домати, сенф, кечап
Подготовка
Луѓе, кој го нема апаратот за гиро и ражничи - нека го има.
Чудесен е. Како што вели Теофанија само море ни фалеше при ручекот.
Во рецептов не го напишав начинот на припема на лепчињата, питите бидејќи посебно го испратив за објава, бидејќи рецептот е совршен.
Сметав дека на некому ќе му послужи.
Во една здела се соединуваат сите состојки за маринирање на месото.
Секое парче месо се премачкува со четка со маринадата и се остава така месото во еден сад во фрижидер најмалку 8-10 часа.
Потоа се реди на шипката на Апаратот за гиро на Делимано.
Се става една главица кромид одозгора и ваше е само да уживате и да ја чекате првата тура на испечено, ароматично месо после 45 минути.
Со електричен нож постепено одсекувајте ги надворешните површини на веќе испеченото месо.
Питите јас воопшто не ги мачкав со ништо, бидејќи се многу мекички.
На секоја парче пита се става од припременото ѕаѕики, врз него кромид, црвен домат, помфрит, месо, сенф, кечап по вкус и се завиткува во хартиена салфета.
Ако успеете да сликате вие сте 5.
Начин на припрема на ѕаѕики
Во еден сад се соединуваат ситно сецканата краставица, се додаваат останатите состојки за ѕаѕики.Се зачинува по вкус.
Уживајтееееееееее