Чорба од леќа
Нема кој не јадел ваква манџа. Секој ја подготвува на свој начин со своите ситници, па еве го мојот начин за промена или пак за помош на оние кои се почетници во кујната.
Исчистената леќа се става во тенџерето во кое ќе се вари и се додава вода, еден прст колку да ја покрие. Се остава на рингла да проврие 2-3 минути и потоа се плакни со млаз ладна вода и убаво се промива. Се додава околу литар и пол вода и се става да среден оган да се вари. Веднаш се ренда морковот и се додава во тенџерето. Исто така и лукот, кој можи да го насецкате ситно или пак да ги ставите цели чешниња и на крај на варењето да ги извадите или испасирате. Додадете и една лажица маслиново масло.
Лукот на леќата и дава особена арома и шмек. Колку и да сте скептични, пробајте барем еднаш. Јас откако пробав на предлог на мајка ми, од тогаш ретко промашувам да не го ставам во ова вариво.
По 10-15на минути варење, доколку милувате и имате, можи да ставите ситно исецкани колбавчиња или кремвишли (за жал, овој пат кај мене изостанаа... поминал рокот).
Откако ќе се свари, се прави запршка. Се загрева во мал огноотпорен сад маслиновото масло и се додава брашното. Се меша кратко додека малку се пропржи и се додава црвената пипер.
Кај нас со парче кашкавал најмераклиски се вклопува.
Лиценца: Сите права се задржани
Супер ручек Бети:)
Jas, Klara vo lekata, vo cinijata sto ke si nacrpam si stavam kiselina, mnogu mi e vkusna... :-)
кај нас исто така леќата се сака, особено густа. овој пат беше најретка за да ги натерам да сркнат малку и од течноста (иако и јас сум истиот тип). исклучок е мажот, кој секогаш дели од нас. тој месојадец закоравен е :))) а од леќа се ужаснува :)
киселина не ми текнало да ставам, ама како сум со осетлив стомак и не би, ама знам дека брат ми еден период во секое сркало лимон цедеше :))) а пред тоа пак, имаше период кога се со јогурт заливаше, одело или не-не битно.
дијанче, ајде веќе денаш дојди стари крај. редно е да се видиме, а и се македонско ќе ти спремиме за дочек :)
биле, варијации има секакви. не дека морковот по мене многу менува, но аромата од лукот-секако. битното е тоа што потоа не се чувствуваш како лук да си јадел, ами само како арома на јадењето се доживува, не повеќе.