Испечати

Чорба од леќа

Чорба од леќа

Состојки

  • 200-250 гр леќа
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 мало морковче
  • 4-5 лажици маслиново масло
  • 1 рамна лажица брашно
  • 1/2 лажица црвен пипер
  • сол, оригано, црн бибер, мешан сув зачин по вкус

Подготовка

Нема кој не јадел ваква манџа. Секој ја подготвува на свој начин со своите ситници, па еве го мојот начин за промена или пак за помош на оние кои се почетници во кујната.

Исчистената леќа се става во тенџерето во кое ќе се вари и се додава вода, еден прст колку да ја покрие. Се остава на рингла да проврие 2-3 минути и потоа се плакни со млаз ладна вода и убаво се промива. Се додава околу литар и пол вода и се става да среден оган да се вари. Веднаш се ренда морковот и се додава во тенџерето. Исто така и лукот, кој можи да го насецкате ситно или пак да ги ставите цели чешниња и на крај на варењето да ги извадите или испасирате. Додадете и една лажица маслиново масло.
Лукот на леќата и дава особена арома и шмек. Колку и да сте скептични, пробајте барем еднаш. Јас откако пробав на предлог на мајка ми, од тогаш ретко промашувам да не го ставам во ова вариво.

По 10-15на минути варење, доколку милувате и имате, можи да ставите ситно исецкани колбавчиња или кремвишли (за жал, овој пат кај мене изостанаа... поминал рокот).

Откако ќе се свари, се прави запршка. Се загрева во мал огноотпорен сад маслиновото масло и се додава брашното. Се меша кратко додека малку се пропржи и се додава црвената пипер.

Кај нас со парче кашкавал најмераклиски се вклопува.