Со миксер ги матиме маргаринот, шеќерот и ванилата.
Додаваме јајца едно по едно.
Кога убаво е изматено, исклучуваме миксерот и додаваме брашно, пециво, инстант кафе и какао.
Тестото го нанесуваме во тава за печење.
Печеме на температура од 180 степени и повремено проверуваме колку е печено со чепкалка.
Печениот пандишпан го оставаме да излади, па го сечеме на два еднакви дела.
Филот го подготвуваме на тој начин што прво ја матиме урдата заедно со шеќерот. Кога ќе се соединат,рендаме кора од портокал и додаваме исцеден сок од портокалот.
На страна желатинот го промешуваме со малку вода и го додаваме во урдата.
(50 мл вода отприлика, само колку да има да се промеша)

На страна во друг сад ги матиме млекото и шлаг пената и готовиот цврст крем го мешаме со урдата.
Додаваме маргарин и повторно мешаме.
Одиме на постапката за филување.
Редиме еден ред пандишпан, па премачкуваме фил.
Повторно одиме со еден ред шандишпан и го префрламе останатиот фил врз пандишпанот, гледајќи да дојде рамномерно и исто на сите делови.
Врз филот нанесуваме рендана чоколада и малку рендан портокал.
Оставаме да излади, па сечеме парченца за послужување.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови