Сакате лимон? Ова е токму за вас.

Жолта кора
1. Иматете ги жолчките заедно со целите јајца и шеќерот, додадете го зејтинот, брашното измешано со пецивото, рендата кора од еден лимон и истисканиот сок.
2. Бела кора
Изматете ги белките во снег додавајки шеќер. Додадете ги останатите состојки, измешајте.
Фил
- Во сад ставете ги мелените ореви, мармаладот и попарете со врелото млеко. Измешајте.
ПОСТАПКА
- Откако сте го спремиле жолтиот дел излијте го во тава 32х32см. Ставете да се кратко запече во претходно загреана рерна на 180 степени. Се пече толку колку да се фати кора одозгора. Извадете од рерната врз жолтата кора премачкајте го филот рамномерно, врз него истурете ја добиената смеса за белата кора, вратете во рерната да се допече. Печено е кога ќе видите дека белата кора е заруменета.
Извадете од рерна, нека олади и сечете.
Лимонасто е. Прекрасни шнити.
Напомена
- Јас прво го подготвувам филот. Го матам жилтиот дел, ставам да се пече и веднаш почнувам да го матам белиот дел.
- Зависно од рерната се пече најмногу до 30 мин,
- Сечете откако ќе олади за да ви останат и двата дела исти на висина. Ако како мене го пресечете топол, жолтиот дел ќе ви дојде понисок, но ке кажам повторно дека и понисок и повисок - вкусот е тој, незаборавно лимонест. Ќе се уверите ако се одважите да го спремите.
- Дополнителни фотографии недостасуваат овде затоа што мораше брзински да работам и не можев да го ризикувам колачот ако ги сликав сите постапки. Ќе извинете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани