Пунч од портокал, лимон и зелен лимон
Кој не би посакал еден ваков пијалок во зимските ладни денови? Она што највеќе го сакам во зима е тоа што цитрусните овошја се достапни баш во секоја продавница.
За најефикасен цитрусен пунч потребно ќе ви биде
1. Користење на свежо исцеден сок кој ке ви помогне, без сомнеж, Електричната цедалка на Делимано.
2. Да не се служи веднаш, да се остави прво да одмори неколку саати во фрижидер (јас го оставам преку ноќ и сабајле имам прекрасен пијалок)
3. Не ставајте парчиња од овошјето во пунчот туку само по ваша желба во чашата за послужување бидејќи може да дојде до расипување.
Па да го приготвиме
Свежо исцедените сокови ставете ги по поголем сад за послужување.
Зовриете ја водата и додадете го шеќерот и мешајте додека се раствори. (оставете ја да се излади)
Измешајте ја со сокот.
Чувајте во фрижидер додека се излади.
Послужете со мраз и парчиња цитрусно овошје.
Резултатот од овој рецепт беше толку сладок и освежувачки, што се надевам дека ке го направам зимска традиција во моето семејство.
И не заборавајте! Задолжително е да си додадете водка во сопствената чаша!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
За мене само како сокче без вотка, да не се распеам многу хахха....