Во млекото го раствараме путерот, ванилата и солта. Кога млекото ќе зоврие,с е смалува температуратаи се става брашното. Се заедно брзо се мешана слаб оган. Се меша додека не се добие компактна смеса и тестото не почне да се одвојува од садот, а потоа се трга на страна. Оваа смеса се остава малку да се подолади не целосно треба да биде млака. Тогаш се додава 1 јајце и добро изматете. Потоа другото јајце и повторно матете со миксерот (многу е важно да се додава едно по едно јајце)
Во почетокот додека се додаваат јајцата смесата ќе биде ронлива, ама така треба да биде. Кога ќе го додатете и последното јајце тогаш целата смеса ќе стане компактна.

Тавата се обложува со хартија за печење и со вреќата за украсување ставајте по малку од месата во круг. Ако немате вреќа тогаш со лажица се прават форми на кругови. Се ставаат во загреана рерна на 200 Ц. и се печат 20 мин. Додека се печат крофните рерната не смее да се отвара.

Додека се уште топли на крофните им се отсекуваат врвовите. Отсечените врвови прелијте ги со стопено чоколадо или наросете ги со шеќер во прав.

Фил*
Двата пудинга се мешаат заедно со шеќерот и се варат во зовриеното млеко. Во жешкиот пудинг одма се додава чоколадото и путерот и се меша додека не се растопат. Смесата се покрива со најлонска фолија за да не фати одозгора кора и се остава да се излади.
Печените и оладени крофни ги филуваме со филот од пудинг претходно добро изматен и ставен во вреќа за украсување.На дното од крофната прво ставаме од чоколадниот пудинг, а врз него од изматениот шлаг.
Крофните се покриваат одозгора со претходно отсечените капаци и прелиени со чоколадо.
Кремот може да се направи и со пудинг од ванила само тогаш во него се става бело чоколадо, а другото е се исто.
Од оваа смеса излегуваат 20 крофни
Уживајте!! :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови