Леблебијата од вечерта натопете ја во поголемо количество студена вода. Другиот ден истријте ја да испадни лушпата па ставете ја да се вари во ладна вода. Кога ќе зоврие, првата вода истурете ја, па во друга врела вода варете додека зрната сосема не омекнат. Процедете ги зрната, а дел од водата зачувајте ја. Отстранете ако има уште некоја лушпа.
Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семките.
Во блендер ставете ја сварената леблебија, крупно исечените пиперки, протиснатиот лук, таанот, маслото, 1 - 2 лажици вода која ја зачувавте, сокот од лимон, сол и сите зачини, па блендирајте додека не добиете мазна паста.
Додајте го сецканиот магдонос, промешајте, дотерајте го вкусот додавајки уште малку сок од лимон, сол или бибер. Ако е прегусто, додајте уште малку вода од варењето.
Оставете во затворена кутија во фрижидер барем еден час, вкусот впечатливо се подобрува со стоење.
Послужете во чинивчина, така што ке направите вдлабнатина во средината на хумусот, сипете малку масло и посипете со црвен пипер.
На страна ставете пита леб исечен на парчина или разновиден зеленчук исечен на стапчина. Може да е предјаденје или мезе за гости, ама и лесна вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани