
15
окт
2015
Салата од целер и црвени печени пиперки
Едноставна но многу вкусна салата.
Додека има капија по пазарите вреди да се проба.
Прво пиперките се печат, се лупат и се сецкаат на ситни коцки.
Се лупи коренот целер, па се ренда на крупно ренде.
Се додаваат останатите состојки, павлака, мајонез и зачини по вкус и листови сецкан целер.
Се меша да се соединат состојките и се сервира.
Лиценца: Сите права се задржани