26
апр
2021
Целер чорба, со листови и корен од целер
Убаво е кога празничниот ручек ќе започне со вкусна, домашна чорба.
Еве го мојот денешен предлог.
1. Во тенџере ставаме масло.
2. Во нутрибулет сецкаме морков, компир, корен и листови од целер. Запржуваме 2-3 минути. Налеваме вода и додаваме сол, бибер, зачин. Нека вари така 5,6 минути, па ги додаваме школкичките. Нека вари уште, 7,8 минути.
3. На страна ги соединуваме состојките за зачинување. Во овој сад, во танок млаз, ставаме 1-2 кутлачи од супата. А потоа внимателно ги соединуваме течностите. Сервираме жешка чорба од зеленчук.
Лиценца: Сите права се задржани